Азербејџан вчера испорача уште една серија 612.000 јајца во Русија односно 36 тони за рускиот пазар каде веќе подолго овој продукт е дефицитарен.

Јајцата станаа луксуз во Русија – се носат како подарок

Азербејџан започна со извоз на јајца во Русија на 19 декември 2023 година.

„Од 27 јануари, од Азербејџан во Русија се увезени 5,2 милиони јајца за јадење“, објавија медиуми.

Според стаистички податоци, цената на јајцата е зголемена за 61,35%  – тема што стана број 1 во Русија во последните два месеци, за што дури и Владимир Путин неколку пати објаснувал.

Само во последниот месец од ланската година јајцата поскапеле за 18,17%. Цената на пилешкото месо скокна за 27,77%, шеќерот за 10,76%, на замрзнатата риба за 9,18%.

Инфлацијата во земјата и цената на јајцата на рускиот пазар, како и нивниот недостиг, не изостанаа како тема на годишното обраќање на Путин.