Авторот на видеото што го урниса Тупанчевски: Кармата доаѓа, ова ти е за солзите на мајка ми

Автор на видеото во кое со компаративна анализа се докажува дека министерот за правда не ја кажувал целата вистина на (не)платеното патување во Палермо на туѓа сметка објавува зошто го направил доказот поради кој делумно и владата вчера ,,пресуди” дека Тупанчевски го прекршил етичкиот кодекс за владини функционери.

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит открива дека бил испровоциран да го направи видеото во знак на сеќавање на однесувањето на Тупанчевски кога неговата мајка инаку негова соученичка побарала совет и поддршка од актуелниот министер за правда кога Илиевски беше обвинет и беше во притвор за настаните од 27 Април.

,,Инаку, бидејќи не знам, не сакам и нема да лажам… Тупанче и мајка ми се школски од средно. Зборувала Бети моја со хвалоспеви за него години и години наназад како капацитет, како докторанд на Ломоносов итн итн.

Мене ме притвораат, мајка ко мајка бара помош на сите страни бидејќи детето и е во затвор и го гледа на 15 дена преку пластична ограда по 45 минути. Бара и од него. Не наоѓа школскиот време да ја прими, сослуша, помогне. Славниот кривичар, наследникот на Камбо 🙂

Отишла дома, му пишала писмо на 12 страни. Го пратила до него, препорачано. Што друго може да прави една мајка за своето дете, неправедно затворено. Дете кое го гледа еднаш на 15 дена по 45 минути, преку пластична ограда. И не може да му помогне….

Така да, професор докторе Тупанче, ова е за солзите на мајка ми. Јас нит те знам, нит познавам. Нит па сакам да те знам, након свих ових година на твоја мукла, славен кривичаре, години на политичка тортура врз „неподобните“ и „небањатите“ во кои дури и 5 минути се немало за другарите од средно, кога сте имале по 15-16 години, сте биле деца, и сте ја знаеле душата, чиста и детска, на својот ближен.

Денес јас сум голем, а не пак вие. И големите знаат дека кармата си доаѓа по своето.

Ова ти е за солзите на мајка ми 🙂
И ова е крајот, колку и да не ти е јасно во моментов”, пишува Илиевски во емотивното објаснување на причините за видеото.

Видеото на овој линк

Тешки моменти за министерот за правда, анализата може да му пресуди (ВИДЕО)

По видеото и другите реакции од јавноста (како на пример пишувањата на А1ОН) вицепремиерката Славица Грковска упати јавна опомена за Тупанчевски со укажување дека прекршил најмалку два члена од владиниот етички кодекс но без да бара негова оставка или кривичен прогон.

Го спасува ли вицепремиерката Грковска министерот Тупанчевски од смена и кривичен прогон?