Иако според последните најави автопатот требаше да биде готов до вчера, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска без конкретен рок.

„Автопатот Миладиновци-Штип одма да ви кажам, кажав и овие денови, кажав да точно и во изјава дека оваа недела, сакам да посочам дека овие денови ќе биде путен во употреба, еве да не фиксираме кој ден, меѓутоа овие неколку дена“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Автопатот Миладиновци – Штип, долг 47 километри, почна да се гради во 2014 година и кој чини 200 милиони евра, требаше да биде пуштен на 1 мај 2017 година, но поради проблеми со експропријација на земјиштето рокот беше приолонгиран до – минатата есен.

Од тогаш пуштањето на автопатот неколкупати е одложувано, прво до крајот на годината, а потоа и до крајот на март, односно крајот на мај или – вчера.

Објаснување за последното одлагање беше дека се поставува заштитна мрежа како последна пречка до пуштање на автопатот.