Автокоманда не се откажува од „железарско парно“ – денеска блокирани сообраќајници (ГАЛЕРИЈА)

Револтирани граѓани на населбата Автокоманда денеска го блокираа кружниот тек меѓу оваа населба и соседна Железарница во знак на протест поради ненајавеното укинување на таканареченото „Железарско парно“ и префрлање на централното греење во населбата од досегашната ЕСМ Енергетика на ЕСМ Дистрибуција.

Неофицијално, граѓани тврдат дека, наводно, не само што биле префрлени на нов снабдувач,екипи на ЕСМ утрово ги прилагодуваа подстаниците за централно греење во зградите, поставувајќи ги на температура од 18 степени. Таму каде што немаа пристап, насилно ги искршиле катанците…

Поради протестот, во рок од час и половина – од 16 до 17,30 часот – беше блокиран сообраќајот преку оваа значајна сообраќајница.

Граѓаните се лути зашто претходно не биле известени за оваа промена, зошто се прави тоа среде грејна сезона, не им е јасно соопштението од ЕСМ дека и покрај тоа што наместо 24 ќе добиваат 15 часа парно греење и натаму ќе плаќаат поскапо греење во однос на останатите корисници од Градот.

Од ЕСМ откако е сменет снабдувачот, информираа дека 2.000 потрошувачи кои досега имале греење 24 часа, ќе се греат како и останатите потрошувачи од 6 до 22 часот, а за останатите 2000, кои сѐ уште не се префрлени на ЕСМ Снабдување, во следниот период ќе се направат технички подготовки за од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот.

Промените, според ЕСМ се случуваат поради тоа што старите парни котли кои немаат можност за дневно гасење, па  овие потрошувачи имаа постојано греење, се исфрлаат од употреба, поради голема потрошувачка на гас.

Граѓаните не веруваат дека „старите котли“ се причина за сегашната ситуација:

„Може ли Владата да ни објасни зошто во ЕСМ Енергетика пред пет години биле инвестирани 15 милиони евра за нова гасна централа, а сега зборуваат за застарени котли“ – вели револтиран граѓанин.

„Нашите родители работеа ја изградија и се вградија во фабриката ‘железара’ и сметаме дека имаме право на ова греење, кое многумина го мнарекуваа ‘привилегија’ иако е поскапо од централното греење во останатите деловио во градот“.

Склободан Павлов , претседател на Урбаната населба Автокоманда соопшти дека за утре е закажан состанок со досегашниот снабдувач ЕСМ Енергетика на кое ќе побараат одговори зошто без известување и согласност на граѓаните кои над десетина години се приклучени на железарско парно – сега се соочуваат со овој проблем.