Со оваа одлука се сложиле 100 луѓе на малото австриско село Факинг. Тие сакаат што побрзо да се отарасат од името поради кое неретко ги исмеваат, но и поради тоа што неколкупати досега им ја украле таблата со името на селото.

Градоначалничката Андреа Холцнер соопшти дека од 1 јануари 2021 година селото – кое се наоѓа 350 километри северно од Виена – ќе го смени името во Фугинг, пишува Гардијан.


Факинг нема значење во германскиот јазик, но локалното население е исфрустрирано од фактот дека туристи доаѓаат само за да се фотографираат со знакот…

Гардијан пишува дека веднаш од таа страна на границата со Германија, во Баварија има село со име – Петинг.


Дојче веле , пак, јавува дека се уште не е соопштено дали соседните села Оберфакинг и Унтерфакинг ќе добијат нови имиња.

Австриското село било населено во 1027 година, а називот Факинг го носи речиси илјада години.