Австрискиот претседател Александар ван дер Белен за време на четиридневна турнеја на Западен Балкан, која почнува денеска, ќе ја посети и Македонија, јавува МИА

Тој ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, министерката за правда Алма Задич и економска делегација со претставници на 30 австриски компании.


Прво ќе ја посети Албанија, каде австрискиот претседател ќе ја посети хидроцентралата Ашта во северниот дел на земјата, изградена од австриските електроенергетски концерни Фербунд и ЕВН, како и средното техничко училиште „Петер Марингер“ од Австрија во градот Скадар. Политичките разговори, во чиј центар ќе биде приближувањето на Албанија кон Европската Унија, ќе се одржат утре.

По посетата на Албанија австриската делегација ќе допатува во Македонија.

Александар ван дер Белен сака да ја „отвори вратата“ за австриските бизниси во двете земји кандидати за членство во Европската Унија, се потенцира во кусото соопштение за медиумите.