Австрискиот претседател Ван дер Белен разговарал со Радев за Македонија

Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, денеска остварил телефонски разговор со својот бугарски колега Румен Радев, во чиј фокус била и европската интеграција на Македонија.

Радев притоа ја потцртал позицијата на својата земја дека „продуктивниот двостран дијалог меѓу Софија и Скопје е незаменлив инструмент за надминување на спорните прашања во билатералните односи и Бугарија очекува конкретни резултати од него“, соопштија од прес-службата на шефот на бугарската држава.

Бан дер Белен изразил сочувство за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 македонски државјани.