Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја прекина дискусијата за укинувањето на австриската неутралност со пораката „Австрија останува неутрална“.
„Австрија беше неутрална, таа е неутрална, а Австрија ќе остане неутрална“, подвлече Нехамер и рече дека дискусијата за него е завршена, пренесува „Политика“.
Според него, неутралноста била добра за Австрија. Тој нагласи дека во моментов има војна, дека е потребна брза помош, брза солидарност за луѓето во Украина, како и поддршка за политички одговорните кои таму се плашат за своите животи, но дека нема потреба од дискусии кои немаат основа во реалноста.
Така Нехамер индиректно одговори на барањето на поранешниот претседател на парламентот Андреас Кол, кој во авторскиот текст во весникот „Клајн цајтунг“ изјави дека Австрија треба да влезе во НАТО или во армијата на ЕУ.
Контра Кол е и „сивата еминенција“ во владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), гувернерката на покраината Долна Австрија, Јохана Микл Лајтнер.
„Ние нема да промениме ништо за нашата неутралност. Тоа е основата на нашата надворешна и безбедносна политика. Тоа беше во изминатите децении, така ќе биде и во иднина“, нагласи таа.
Сепак, таа посочи дека Австрија ќе го крева својот глас во иднина кога ќе се прекрши меѓународното право.
