Австриска министерка: Не дали, туку кога ќе снема струја во Европа!

Веројатноста за прекини на струја во делови од Европската унија во блиска иднина е многу голема, тврди австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

„Мораме да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа, предупреди Танер, пренесува N1.


Министерката во интервју за германскиот весник „Велт“ откри дека очекува наскоро да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската унија, пишува „Клајн цајтунг“.

„Не е прашање дали, прашање е кога“, рече Танер.

Таа за ризикот од широко распространети прекини на струја го поврза со војната во Украина.

„За Путин, хакерските напади врз западното снабдување со електрична енергија се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека тоа е само теорија. Мораме да се подготвиме за прекини во Австрија и Европа“, рече Танер.

Таа изјави дека една третина од австриското население може да се најде во ситуации да живее без струја до четири дена.

„Затоа, армијата сака да постави вкупно 100 самостојни касарни кои ќе можат самостојно да се снабдуваат две недели со струја“.