Актуелниот австријски претседател, Александар Ван дер Белен, се смета фаворит на денешните претседателски избори во таа земја и се проценува дека тој ќе биде реизбран за втор мандат.
Неговите шест противкандидати,според анкетите, заостануваат далеку зад него.
Ван дер Белен, проевропскиот либерал, освојува повеќе од 50 отсто од гласовите, па Австрија најверојатно ќе го избегне вториот круг на гласање.
Право на глас имаат околу 6,4 милиони луѓе од вкупно девет милиони жители во Австрија.
