Австрија не дава руски гас да оди кон Италија, преку нејзина територија

Руски „Газпром“ денеска ја известил италијанската енергетска компанија „Ени“ дека нема да може да испорачува гас на земјата.

Италија, се снабдува од Гаспром преку гасовод што минува низ Австрија.

„Газпром“ објави соопштение во кое се вели дека ги запрел испораките за Италија бидејќи австрискиот оператор одбил да ги потврди „транспортните номинации“ по регулаторните промени воведени во Австрија на крајот на септември.

Австриското Министерство за енергетика соопшти дека Гаспром не ги потпишал промените во договорот што ги одразуваат техничките корекции на правилата. Тие обично се прават на почетокот на секоја година.

„Гаспром знаеше за промените со месеци“, објави австрискиот регулатор Е-Контрол на Твитер.

Споровите околу договорните клаузули и прописи дополнително придонесув аат за колапсот на економските врски меѓу Русија и земјите од Европа.