Австрија: На граѓани им дале погрешна доза анти-ковид вакцина

Не е познато колку граѓани во провинцијата Долна Австрија, биле вакцинирани со погрешна доза анти-Ковид вакцина.

Неправилна етикета на картон предизвика збунетост кај лекарите, поради што беа дадени погрешни дози на вакцини.

На пакетот вакцини на Фајзер пишувало дека се вакцини прилагодени на новиот сој BA.4 и BA.5, но биле дози за стариот сој BA.1, јави јавниот сервис ОРФ.