Австрија ја блокираше Бугарија за Шенген, Радев уживаше на Новогодишниот концерт во Виена

Австрија го блокираше пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген но тоа не е пречка за бугарскиот претседател Румен Радев да ужива во звуците на Виенската филхармонија на традиционалниот новогодишен концерт.

Радев во Виена отиде еден месец откако Австрија ја блокираше Бугарија во Шенген зоната без пасоши која ги укина граничните проверки меѓу огромното мнозинство земји-членки на ЕУ.

,,Новогодишниот концерт е културен врв во Австрија и инспирира милиони луѓе ширум светот. Многу сум задоволен што бугарскиот претседател Румен Радев ја прифати мојата покана за Новогодишниот концерт во Виена”, напиша австрискиот претседател Карл Немехер за дружењето со Радев.

Засега нема информации дали австрискиот претседател со Радев зборувал и за бугарската блокада и уцени кон Македонија на патот кон ЕУ.