Карикатура  објавена во весникот „The Ardvriser“ од Аделаида,  ја налути грчката заедница во Австралија, но и пошироко во светот, по што редакцијата мораше да се извини.

На карикатурата насловена „Уште една грчка трагедија“ прикажани се антички грчки воини кои гасат пожар користејќи керамички вазни, што требаше да асоцира на пожарите во кои загинаа десетици луѓе.

Претседателот на грчката православна заедница, Бил Гонис, ја оцени карикатурата како  „апсолутно одвратна“.

Редакцијата се извини за невкусната карикатира и изрази жалење што предизвика дополнителна болка и лутина во јавноста.