Бројот на нови случаи на Ковид 19 во Австралија вчера достигна нов црн рекорд – регистрирани биле 72.392 нови случаи, што не е конечна бројка.
Ден претходно беа пријавени64,774 нови случаи, мнозинството во Нов Јужен Велс (НСВ) и Викторија, двете најнаселени држави во земјата, со што е надминат бројот од 47.888 регистриран во вторникот.
Болниците се пренатрупани и правилата за изолација доведоа до недостиг на работна сила, ставајќи ги бизнисите под притисок, јавува Ројтерс.
Премиерот Скот Морисон е под притисок да се справи со пандемијата поради недостиг тестови на антигени и незадоволство од огромните редици во центрите за тестирање.
