Австралиец е обвинет за напад на полицајка во западниот дел на Сиднеј,

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се глада како Австралиец напаѓа една од две полицајки, со колено неколку пати ја удира по глава, додека нејзината колешка го прска со солзавец.  

Напаѓачот потоа избегал од местото на настанот, но набргу 49-годишниот маж бил уапсен и обвинет за неколку прекршоци, вклучувајќи кршење на антиквитети и напад на полиција, пренесува 7њуз.ау  

Полицијата соопшти дека двете полицајки кои патролирале на улица му рекле на мажот да си оди дома, бидејќи започнал полицискиот час. По нападот, тие побарале лекарска помош.

На човекот очигледно тоа не му се допаднало, па тој станал агресивен и ги нападнал.  

Строгите анти-ковид мерки во Сиднеј не дозволуваат излегување од дома, освен од оправдани причини – како одење на работа, училиште, лекар или продавница.