„Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување“, реагира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски.

Од АВМУ го потсетуваат премиерот дека носителите на јавни функции, меѓу кои е и тој, треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите.

Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност“ – се наведува во соопштението на АВМУ.

На изјавите на премиерот Ковачевски на адреса на Телма и Алфа претходнои реагираше ЗНМ.