Одлуката на владата да исплати 100 илјади евра на агенцијата Рејтинг на Никола Спасов кој е син на долгогодишниот функционер на СДСМ Ѓорѓи Спасов не е во согласност со законот.
По ЗНМ на оваа скандалозна одлука реагира и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која предупредува дека со давањето на парите на Рејтинг се крши член од активен закон.
,,Во врска со одлуката на Министерството за надворешни работи да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства. Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта”, стои во соопштението од АВМУ.
Предходно Османи практично потврди дека државата нема систем за информирање на граѓаните кој е дел од институциите а укажа и дека државата џабе трошела милиони за набавка на луксузни возила.
Османи нема 70 возила за ОБСЕ а владата купила најмалку 500 службени возила за 3 години