АВМУ: Новинарите не смеат да бидат неосновано повикувани на службени полициски разговори

Полициски службеници во два наврати на лична адреса ја барале уредничката на Телма, Весна Јовановска Дојчиновска, по наредба на обвинител, за да учествува во распит за информација која воопшто не е објавена на ТВ Телма и на дигиталните сервиси на телевизијата. За ова реагираа од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) од каде посочува дека ваквите дејствија можат негативно да се одразат на слободата на медиумите.

„Новинарите и останатите медиумски работници не смеат да бидат неосновано повикувани на службени полициски разговори, имајќи превид дека имаат заплашувачки ефект и во иднина можат да водат кон самоцензура. Ваквите постапки на истражните органи кон медиумските работници претставуваат притисок врз медиумите и нивно слободно работење“, се наведува во соопштението од АВМУ.

ТВ Телма вчера соопшти дека уредничка од телевизијата била повикана на информативен разговор за необјавена вест.