Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соо соопштение реагира на одлуката на Министерството за надворешни работи да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ.
АВМУ потенцира дека користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства.
Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта“, велат од АВМУ.
