Авиокомпаниите без интерес за најавената линија Софија – Скопје

Ниту една авиокомпанија не изрази интерес за започнување со летови меѓу Софија и Скопје, и покрај иницијативата од бугарскиот премиер Кирил Петков двата главни града да бидат поврзани со авионска линија од почетокот на летната сезона кон крајот на март, пишува „Ексјуавиејшн“.

„Водени се разговори со неколку потенцијални авиооператори, но ниту еден не беше подготвен да се посвети на кратката линија. И покрај информациите во медиумите дека бугарскиот авиопревозник ‘Гуливер’ планира да воведе летови меѓу двата града, неговиот извршен директор Јанко Иванов ја отфрли идејата, додавајќи дека авиокомпанијата во моментов не планира да ги поврзе двата главни града“, објави специјализираниот портал за авиосообраќај.