Со 61 глас – за, 24 против и 1 воздржан, косовското собрание ја изгласа новата влада што ќе ја предводи Авдулах Хоти од Демократската лига на Косово.
Новата влада ќе има 4 потпретседатели и 16 министри.
Хоти рече дека прифаќањето на кандидатурата за премиер претставувало „не баш лесен предизвик“ за него.
Новата Влада ЛДК ја формира заедно со Алијансата за иднината на Косово (ААК), Социјалдемокртската иницијатива (Нисма), Српската листа (СЛ) и партиите на другите немнозински етнички заедници.