Одговорниот за односи со јавност на градоначалникот на Скопје и еден од членовите на тимот од 40 соработници за пропаганда на владата на СДСМ, Влатко Васиљ, веќе не може да ја скрие нервозата.
Иако е државен службеник или јавен работник тој на социјалните мрежи во последно време отворено шири говор на омраза на политичка основа иако е платен и од данокот на тие што ги навредува јавно.
Васиљ не го почитува ниту Кодексот на однесување кој важи за вработените во државните институции кој забранува ширење навреди на политичка, полова, етничка, верска и други основи.
Суштината на неговите навредливи коментари е дека членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се животни односно стока.
@CityofSkopje @salihu_valon
Ќе си го приберете државниов службеник?
Зашто би се чуствувала дискриминирана поради мојата партиска припадност?
Треба ли да се пашам поради тоа?
И дали поради тоа што сум стока вмровска ако уредно си платам за Извод од ДУП нема да бидам услужена? pic.twitter.com/l4lStShWIl— ⛔️Султана ⛔️ (@alwwaysyes) December 29, 2019
Дали некој ќе реагира на ваквот однос на Државниот Службеник Васиљ?
Без разлика дали е на твитер напишано.
За вакви изјави за се добива дисциплинска(член 8)
Како ја да завршам работа у државна институција кај ваков службеник кој ме нарекува стока а ја му обезбедувам плата? pic.twitter.com/69Gdxstpgh— ⛔️Султана ⛔️ (@alwwaysyes) December 29, 2019