Промена на уставното име на Македонија е еден од условите за да се постигне договор за името, изјавил портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.
Во интервју за грчката „ТВ Алфа“, запрашан дали постои план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји тој порача дека „не постои никакво меѓународно прашање што може да се реши без меѓународен договор“, што содржи конкретни обврски за двете страни.
„Што превиш кога треба да решиш еден билатерален проблем? Се договараш за еден правнообврзувачки текст што ги опишува обврските на двете страни“, односно, грчката страна ќе го признае соседот под името што ќе биде договорено, а соседот ќе се согласи“, релол Ѕанакопулос, како што пренесува дописникот на МИА од Атина.