Атина ќе добие џамија

Изградбата на џамија во Атина, е во финална фаза изјавил Јоргос Калаѕис, генералниот секретар за религија во Министерството за образование и религија на Грција, за МИА.

Џамијата во внатрешноста ќе може да прими 350 лица, 300 мажи и 50 жени а надворешени дел на околу 16 хектари е предвиден голем плоштад, фонтана, детско игралиште…

„Ќе видиме кога точно ќе се отвори, бидејќи не се само градежните работи, туку и прашањата поврзани со персоналот во џамијата за да може да функционира потребно е да се решат прашањата со хигиената, секојдневното функционирање, со обезбедувањето.

Првпат како држава преземаме да направиме нешто такво, немаме слично искуство. Секако, завршена е процедурата за вработување на имам. Претпоставувам за овие работи, како и што е секогаш, ќе биде потребно некое време. Дали ќе биде потребно еден месец, 20 дена, два месеци, ќе видиме. Размислуваме, токму затоа што немаме такво искуство, да почнеме со пробна работа на џамијата, колку е можно побргу, да провериме грешки, проблеми, некои работи што сме пропуштиле, а потоа да одиме кон целосно и нормално функционирење, изјави генералниот секретар во Министерството за образование и религија на Грција во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Се проценува дека бројот на Муслимани кои живеат во Атина, е нешто повеќе од 200 илјади.