Атанасовски за медиум на Дерала: САД немилосрдно против Мицкоски дури ако треба ќе бараме тела покрај паднат авион

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски во колумна за медиумот НоваТВ каде главен уредник е медиумскиот тајкун Џабир Дерала тврди дека официјален Вашингтон во Македонија води немилосрдна битка против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која на крајот ќе победи.

Според Атанасовски ако треба, за да победат американците против Мицкоски ќе бараме тела покрај паднат авион како тој на претседателот Борис Трајковски кај Мостар.

Според аналитичарот кој важи за остар критичар на ВМРО-ДПМНЕ и поддржувач на политиките на СДСМ особено во односите со Бугарија бескурполозноста на САД е поради наводното српско влијание во опозицијата.

Атанасовски во колумната молчи за десетиците средби на Ковачевски со Вучиќ и фактот што токму лидерот на СДСМ беше меѓу првите кои му ја честитале победата на српскиот претстадел заедно со Путин и кинескиот претседател.

,,Недипломатските изјави на американската амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, но и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без задолжителната фина дипломатска обланда, со која во стилот на „ти кажувам ќерко, сети се снао“, постојано укажувале на тоа што нашите политички елити треба да направат , особено во сферата на надворешната политика, за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува само на едно: дека на ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука , за да ја прекине „играта“ која ја игра лидерот на нашата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, имено докторот даскал Христијан Мицкоски.

Најпросто објаснето со неколку реченици, станува збор за борба на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското), и тие таа борба немилосрдно и бескрупулозно ќе ја водат до крај , макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста”, пишува Атанасовски во колумната во која тој преку портал близок на СДСМ објавува дека САД би можеле да урнат авион во кој е Мицкоски ако тој не ги следи нивните сугестии во надворешната политика.