Македонскиот историчар Благојче Атанасовски бара да ја прифатиме бугарската верзија на нашата историја за да биде се во ред со Бугарија.
“И само доколку македонските интелектуалци, историчари, политичари и македонскиот народ, ја прифатат историската вистина, дека македонската политичка нација е создадена во 1944 година, како сплет на геополитичките околности и услови, и дека пред тоа историските дејци, револуционери, интелектуалци и учени, се тесно поврзани и испреплетени со бугарското национално ткиво, ние можеме да се најдеме на половина пат и да разговараме како два цивилизирани соседи”, вели историчарот Благојче Атанасовски во својата колумна за трибуна.мк.