Пратеникот од бугарската партија ДПС (партија на етничките Турци), Рамадан Аталај се сомнева во најавите дека течниот гас од САД кој треба да биде замена за прекинатиот доток на руски гас ќе биде – поевтин.

„Од комерцијална гледна точка, нема шанси течниот природен гас од Америка денес да биде поевтин од гасот од цевките“ изјави пратеникот за бугарската Нова ТВ.


Бугарија ќе добива течен гас од САД поевтин од оној на Гаспром

Според него причината за тоа што трошокот за испорака го поскапува гасот.

Пратеникот беше дециден дека антикризните мерки на Владата страшно доцнат. „Властите беа многу збунети. Секоја друга земја-членка на ЕУ веќе има итен план. Само Бугарија нема таква програма“, рече Аталај.

„Досега барем требаше да имаме итен план, требаше да се направи јасна проценка за резервите, како и на кој начин може да се испорачуваат горивата, по која цена ќе се испорачуваат“, додаде пратеникот како што пренесува Њуз бг.