АМС се оградува, владата се срами, Албанците лути

Агенција за млади и спорт (АМС) преку својот Фејсбук-профил се огради од поетската книга во која пишува за „грдата Мирка, која на директорот му го дирка“ и други слични небулози и говор на омраза на етничка и на верска основа, финансирани со државни пари.

„Во испечатената збирка поезија од проектот ‘Млади поети’ е објавена содржина која содржи недолични елементи на дискриминација. Изборот на песни кои се објавуваат го направи надворешна комисија, која требаше да направи соодветна селекција, при што АМС нема увид во содржината.

Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, по што јавноста ќе биде информирана за мерките и за одговорноста кои ќе се преземат.

Агенцијата за млади и спорт се противи и ќе се бори против каква било форма на дискриминација на родова, етничка или која било друга основа“, пишува во соопштението на АСМ.

Во збирката покрај сексистичко – политички стихови се објавени и песни со говор на омраза кон Албанци или муслимани кон кои се развиваат стереотипи и предрасуди.

Директорот на АСМ Дарко Каевски сеуште не нуди оставка од својата позиција иако е потпишан како уредник на збирката.

Ексклузивната вест на expres.mk за песните во кои се зборува за дркање и други појави на следниов линк:

Владина поетска субвенција: „Не е како Мирка, ама знае да дирка“