Асанж ќе се ожени – во затвор

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доби дозвола да се ожени со својата свршеница Стела Морис во затворот Белмарш во Лондон, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Парот добил одобрение за венчавката само неколку дена откако Асанж и Морис изјавија дека тоа не им е дозволено, а тие најавиле дека ќе покренат правна постапка против министерот за правда Доминик Рааб и управителот на затворот.


Асанж е во затвор од 2019 година, со максимално обезбедување во Белмарш, бидејќи САД бараат негова екстрадиција.