Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е чекор поблиску до екстрадиција во САД, каде што треба да му се суди според Законот за шпионажа, откако лондонскиот суд ја испрати наредбата за негово предавање на британската влада на одобрување, јави Си-Ен-Ен.
Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател треба да ја донесе конечната одлука за испорачувањето на Асанж во САД, кој има и право на жалба. Можеби ќе ве интересира
Минатиот месец британскиот Врховен суд не му дозволи на Асанж да поднесе жалба на пресудата од понискиот суд, со која се отвори можност тој да биде екстрадиран.
Асанж со години се обидува да избегне судење во САД, каде што е обвинет за објавување голем број доверливи документи пред повеќе од една деценија.
Неговите адвокати имаат рок од четири недели да му претстават своите аргументи пред министерката Пател, а можат да побараат и поднесување жалба до повисока судска инстанца.
