Артан Груби денеска потврди дека бил во „Жолтата куќа“ во градот Бурел во Северна Албанија во 2004 година, но како преведувач и во рамки на истрага на Хашкиот трибунал.

Тој бил преведувач во тимот на обвинителот кој ја водел истрагата која тогаш завршила без докази дека таму биле носени затвореници кои биле убивани а нивните органи продавани на црниот пазар.

За Груби нема ништо спорно во неговиот ангажман, кој е наведен во неговата биографија и е јавно достапен.

Во „Жолтата куќа“ бил во 2004 година не во педиодот од 1998 и 1999 година за кога се наводите дека се извршени злосторства.

Груби демантира дека бил повикан како сведок во Хаг во истрагата за злосторства против човештвото извршени од ОВК и во судскиот процес против водачите. (Телма)