Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи вели дека околу вчерашниот состанок на Централниот совет на ДУИ, се пласирале многу погрешни информации, во однос на тоа дека некој добил смена од функцијата.
„Тоа не е точно. Значи никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари.
Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството”, рече Османи.
