Арсовски: Оставките на Филипче и Хасани се архивирани во Влада

Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот Зоран Заев и се архивирани, соопшти портапорот на Владата, Душко Арсовски, според кој содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија

Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира, исклучиво на фактите од истрагата, согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.