„Никакво решение не е можно до изборите во Бугарија и нам сега не ни одговара да даваме предлози. Тоа е погрешна стратегија, се што ние сега ќе предложиме или ќе го понудиме потоа ќе биде почетна позиција на идната бугарска влада“ вели аналитичарот Петар Арсовски за акцискиот план на експремиерот Љубчо Георгиевски за решавање на проблемот со официјална Софија.
Бугарското предизборие воопшто не е добар момент да се даваат какви било предлози за македонско-бугарскиот спор е на наша штета, вели Арсовски за предлозите од екс-премиерот Љубчо Георгиевски.
„Не знам со кои мотиви ги дава и не можам да коментирам, но ние имаме преговарачки тим, а тој е и коалициски партнер во владата и ако сакал да помогне можел своите идеи да ги предложи во тимот, а не јавно. Не се соопштуваат јавно така предлози – вели Арсовски за „Слободен печат“.