Арсовска прогласи победа против ѓубрето, граѓани покажуваат дека лаже (ФОТО)

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска прогласи победа против ѓубрето што не се собираше со денови но граѓани објавуваат фотографии кои покажуваат дека таа лаже, односно дека врз основа на фотографии од неколку празни контејнери се фали дека Скопје е чисто.

Граѓани пак објавуваат полни контејнери и тврдат дека Данела не ја кажува вистината за хаосот со скопското ѓубре

,,Инфомакс и Данела викаат Скопје е чисто
Од кај сакате слика од пред 2 и 1 минута?
Првата е Центар, втората Карпош”, пишува нутриционистката Маја Платнар која објавува фотографии од кои се гледа дека Скопје не е чисто како што тврди Арсовска.