Градоначалничката, Данела Арсовска, најави дека Град Скопје ќе распише јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани автобуски превозници во Скопје.

Но, овој пат, на повикот ќе имаат можност да учествуваат како поединци, а не како што беше случај до сега во рамките на двете здруженија „Макекспрес“ и „Слобода превоз“.


“…секој од досегашните поединечни превозници ќе му биде понудено директно и индивидуално да си аплицира, да си добие линија, со исполнување на условите кои ќе бидат објавени во јавниот повик и се со цел да може да се обезбеди соодветен јавен превоз“, појасни Арсовска.

Градоначалничката ги отфрли шпекулациите дека скопјани наскоро ќе ги возат автобуси сопственост на приватна фирма од соседството.