Арсовска бара 11 милиони за ПР услуги, а нема пари за превозниците на кои им должи. Побарува 11 милиони за пресконференции и приватна продукција за медиумски активности. Пари кои ги бара, како што е наведено за подобрување на транспарентноста велат од ВМРО-ДПМНЕ.

УЈП потврди дека Град Скопје им должи на приватниците точно толку колку што бараат

„Не и се потребни 11 милиоми денари, ниту на неа, ниту на Секретарот на градот Скопје за да не бегаат од новинари, кога бараат одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните.

Арсовска наместо да фрла 11 милиони денари за видеа и разни други форми на комуникација, може да почне со плаќање на долгот кој го има ЈСП кон приватните превозници, а кој го потврди и УЈП дека е точно 1.5 милион евра.

А, за ПР и видео материјали, Арсовска има Сектор за поддршка на градоначалникот и Одделение за односи со јавноста, каде има раководител и 8 вработени, кои се задолжени за информирање, пресконференции, анализи и изработка на ПР материјали за промоција на градот.

Арсовска очигледно дека сака овие 11 милиони да ги троши на чиста лична пропаганда се наведува во соопштенето од партијата.