Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот. Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме.
Ова вечерва го објавува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која информира дека
тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен.
,,На терен остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица”, објавува Арсовска која најавува дека ќе бара одговорност за несоодветна атмосферска инфраструктура.
,,Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети”, смета Арсовска.
Булеварите за кои зборува Арсовска ги градеше екс градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов.
Шилегов од своја страна за виновни за вечерашната хаварија на атмосферскиот систем на град Скопје ги обвинува градските власти на чело со Арсовска. Слична порака вечерва имаше и неговиот син кој има бизнис во поплавениот Ист Гејт.