Арсовска нѐ остави без леб – Револтираните превозници на протест пред ЈСП

Нѐ оставија без леб. Не можеме да однесеме леб дома. Знаете што значи тоа! Чесни луѓе кои сами инвестиравме, самите се вработивме и погледнете што сака да ни направи, нема да го дозволиме тоа! Срам да и е на градоначалничката! – рече Кемал Муриќ кој говореше во името на превозниците пред централата на ЈСП Скопје, каде што очекуваат прием од директорот на ЈСП, Александар Стојковски.

Како што изјави Муриќ, тие се чесни луѓе кои самите инвестирале во сето она што го имаат, самите се имаат вработено, редовно плаќаат даноци, а сега се во оваа ситуцација, па некои од нив плата немаат земено повеќе месеци. вработивме, редовно плаќаме даноци а сега се доведовме во ситуација, некои од нас да немаат земнено плата и шест месеци.

– Пред некој ден баравме прием кај градоначалничката Данела Арсовска, но не бевме примени. Затоа дојдовме тука културно и цивилизирано да побараме прием и од директорот на ЈСП Скопје за да ни каже како најкомпетентен, зошто не нѐ исплаќа, според договорот и зошто дозволил да се акомулира толкав долг во изминатите месеци – рече Муриќ за „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

По последната прес-конференција на градоначалничката Арсовска, превозниците се револтирани од изнесените лаги, но и се згрозени од изнесените невистини околу т.н. продажба на билети без фискални сметки.

– Сите ние, а и сите наши корисници на превозот знаат дека од самиот почеток фискалните апарати кои што воедно ни ги монтираше и ни ги инсталираше ЈСП не функционираат ниту во приватните автобуси ниту пак во автобусите на ЈСП. ЈСП ја има целата контрола врз билетите. Од изработка, од дистрибуција по нивни пунктови но и наплата. Затоа, ние убаво рековме дека бараме од наплатата нашиот дел да ни биде исплатен. Значи не ни е исплатен. За жал, градоначалничката не најде време за да не прими. За разлика од неа, ние денеска имаме состанок со координаторите на сите советнички групи на Град Скопје на кои ние ќе им го изнесеме нашиот проблем – вели Муриќ во името на приватните превозници.

Тој истакна дека градоначалничката Арсовска се обидува да создаде раздор помеѓу возачите кои се дел од здруженијата „Слобода превоз“ и на „Макекспрес“, додавајќи идека таа не се обидува да изнајде решение за настанатиот проблем.

– Гледаме дека градоначалничката со својата изјава сака да направи раздор помеѓу превозниците и нивните нпретставници. Тоа е уште една срамна работа. Срам да и е на градоначалничката за која ние на времето се заложивме максимално. Македонија е демократска држава, ние имаме право да се здружуваме и да формираме фирми и да учествуваме како сакаме ние. Ние да ја немавме таа доверба немаше да функционираме децении и децении наназад, онака како што функционираме Се сменија гарнитури на градоначалници и локални власти а ние функциониравме без проблем се додека не дојде оваа градоначалничка и почна да дава вакви изјави. Срамота е! Срам да и е во името на сите превозници! – рече Муриќ.

Превозниците на протестот се пожалија и дека доспеаниот долг кој ЈСП „Скопје“ го има кон нив за неколку дена ќе достигне 2 милиони евра, па поради тоа бараат решение истиот да биде исплатен, затоа што станува збор за пари кои тие чесно ги имаат заработено, но не знаат зошто Градот и ЈСП Скопје не им ги исплаќаат.