Градоначалничката на Скопје вели дека се истражува каде завршиле 12-те милиони евра од продажбата на Градската куќа – „дил“ направен од нејзиниот претходник, Петре Шилегов.
„Прво ќе се посветиме да институциите преземат соодветни активности и детално да ги истражат кои се околностите околу продажбата на градската куќа затоа што нешто коешто било вложено толку време и толку средства за да се изгради да биде продадено за 12 милиони евра сметам дека треба да се разгледа, зошто, како, од кои причини е направена продажбата, особено имајќи предвид во кои услови во овој момент работат луѓето во градската администрација”, рече Данела Арсовска во синоќешното гостување на ТВ21.
