Арсовска ја нарече „несмасна“ изјавата на премиерот и му порача да ги исполни своите ветувања во рамки на своите надлежности

Откако денеска премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Владата во рамки на своите надлежности ќе направи сè за да може да ги доврши сите големи проекти кои се почнати и недовршени во главниот град, но и во останатите градови низ земјава, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, пак, на премиерот му порача прво да ги исполни своите ветувања во рамки на своите надлежности, а потоа да разговара за ингеренциите на Градот Скопје.

„Сакам да прашам кој ќе ги одземе неговите и ингеренците на Владата за нереализација на сите оние проекти кои ги имаат ветено пред граѓаните, а ги немаат реализирано? Кој ќе ги доврши автопатот Кичево-Охрид кој се гради веќе девет години? Кој ќе го доврши проектот за изградба на клиничкиот центар кој се ветува веќе цела деценија? Кој ќе му ги одземе ингеренциите за изградбата на автопатот кон Крива Паланка? Кој ќе му ги одземе ингеренциите за неспроведувањето на антикризните мерки кои требаше да превенираат за овие ценовни шокови кои ги имаме во Македонија?“,вели Арсовска.

Откако изјавата на премиерот ја нарече „несмасна“ и „резултат на неговото политичко неискуство“, градоначалничката Арсовска потоа започна да ги коментира моменталните состојби и реализации на проектите за кои премиерот Ковачевски кажа оти Владата ќе ги одземе ингеренциите од Градот Скопје.

Во однос на проектот за изградба на пречистителната станица во Скопје, кој премиерот го нарече „камен на сопнување за состојбите во градот“, градоначничката Арсовска рече оти и е жал што таа била камен на сопнување, за како што кажа, сега двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ја напаѓаат. Тој притисок, како што кажа Арсовска, е оправдан имајќи го предвид нивниот интерес да ја преземат изградбата на пречистителната станица.

„И двете најголеми партии до пред некој месец имаа свои претставници во комисијата која одлучуваше за понудите за изградба на пречистителната станица. Јасно ми е дека одлуката да се сменат членовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои работеа на овој проект ги вознемири духовите на овие засегнати страни. Но едно мора да биде јасно – политчки договори за богатерње со народни пари нема да дозволам се додедка јас сум градоначалник на Скопје. Знам дека не им е мило што го слушаат тоа. Пречистителната станица ќе се гради спгласно динамиката која што ќе биде договорена, меѓутоа ќе се гради согласно закон и без политички влијанија“,

истакна Арсовска.
Во однос на работата и на состојбите во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), градоначалничката Арсовска кажа оти ова претпријате станало загубар за време на владеењето на СДСМ и на Петре Шилегов како нивен градоначник.

„Го повикувам премиерот да ги употреби своите ингеренции, не да зборува за туѓи ингеренции, и да ја повика финансовата полиција и да го провери работењето на Петре Шилегов и на претходниот директор на ЈСП за она што беше истакноато во јавноста дека има проневера од околу 33 милиони денари од тој период“,

рече градоначалничката.
Во однос на Универзалната сала, Арсовска го повика премиерот да ги искористи своите ингеренции за, како што кажа, да изврши ревизија на проектот кој му бил дониран на Градот и кој е иницијатор на проблемите кои се јавиле во изградбата, односно реконструцијата на Универзалната сала.

Арсовска го спомена и подвозникот кај „Лимак“, за кој како што рече, премиерот Ковачевски кажал оти не било поместено ниту камче за негова реализација. Таа рече дека овој проект е од пет фази, а дека во во моментов се реализираат фазите три и четири за кои се очекува да бидат завршени во текот на следната година.

„И покрај тоа што претходото раководство од СДСМ имало четири буџети да ги реализира фазата еден, два и пет, воопшто не биле ниту планирани во нивнните буџети ниту била започната некаква постапка. Првите активности преземени за да се реализраат овие три фази останати од овој проект се отпочнуваат дури сега и затоа велам дека се небулозни тврдењата дека некој нешто не презема, а одговорноста треба да се бара на сосема друго место, знае господинот Ковачевски кое е тоа место“,

вели градоначалничката.
Наследени проблеми и недостатоци од претходната локална власт Арсовска наведе и во однос на проектот за клучката кај Момин Поток. За овој проект градоначалничката кажа оти во моментов активно се работи на негова реализација согласно предвидената динамика.

Извор:360степени.мк