Иако владините медиуми пишуваа за наводен конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и екс градоначалникот на Скопје Коце Трајановски тој денеска и даде целосна поддршка на независната кандидатка за прв човек на Скопје Данела Арсовска.

“Со одлука на извршниот и централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Данела Арсовска е поддржана како независен кандидат за градоначалник на град Скопје. Како долгогодишен член и функционер, пратеник, градоначалник, претседател на ЗЕЛС и давам поддршка за градоначалник на Скопје кој ќе работи за интересите на скопјани со што ќе престане четиригодишната стагнација и уништување на македонската метропола”, порача Трајановски кој важи за највреден градоначалник во поновата историја на главниот град.