Ова се тврди во денешното соопштение од Град Скопје во кое се наведува дека договорните одредби со превозниците предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот.

Град Скопје, денеска распиша оглас за истите 16 линии што до почетокот на ноември ги опслужуваа приватните превозници пред да избувне кавгата со Арсовска поради ненаплатениот долг од 1,5 милиони евра.


Пишман Данела: Тврдеше дека може без нив, по три месеци бара да се вратат приватните поревозници

„Што се однесува до тековните обврски од ЈСП ‘Скопје’ кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз“, се вели во соопштението од градот.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги раскина договорите со двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и сега со новиот оглас повторно ќе ги враќа овие превозници откако минатата недела постигна договор со нив.

На новиот оглас нема да можат да се пријават двете споменати здруженија и на него ќе можат да аплицираат приватниците како индивидуални превозници или, пак, здружени во нови правни субјекти. Доделувањето на линиите ќе се врши по пат на евалуација врз основа на утврдени критериуми.

Огласот, како што е наведено, ќе трае до 21 март, а отворањето на пријавите е предвидено за 27 март.

Ова значи дека приватните ќе се вратат на скопските улици најрано во април.