Екс директор на ЕСМ и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Љубчо Георгиевски открива кој е виновен за палењето на бугарското знаме во Вевчани на карневалот за Василица.

Во колумна за Македонска нација Арнаудов Арнаудов дава објаснување зошто двајцата најмоќни луѓе во власта се кривите за тоа што и се случува на Македонија.

Дел од колумната:

Зоран Заев, Стево Пендровски со вашата антинационална, антидржавна, антицивилизациска негаторска политика кон својот народ и татковина сте директни виновници за сé она што се случува денес на Македонија и за опасните внатрешни поделби помеѓу граѓаните, а и за крајно влошените состојби во односите со соседите.

Двајцата самоклонирани браќа близнаци, диктатори без преседан, во поновата политичка култура на владеење во Европа, ниту еднаш, ама барем ниту еднаш не застанавте во одбрана и заштита на името, народот, идентитетот, историјата, потеклото и наследството.

Згора на тоа диктаторски се однесувате кон нас народот и без грам демократски избор да ни оставите, ни наредувате:

Прво: Не смеете да го употребувате името, дури ни по дома: Нема Македонија, нема македонец ниту македонски. А името е судбина. Ова најстара библиска мудрост е директно поврзана со Господ а вие од нас барате да одиме не само против себе туку и против нашиот Создател.

За срамота и непростливо.

Второ: Го укинувате предметот историја. За ништо да нема до вас и сé да почне со вас двајца. Сакате да се поистоветите со синот божји ИСУС Христос односно да се бележи времето не како досега, пред и после Христа, туку НИШТО пред Зоран и Стево, сé после нив.

Трето: Ја укинувате Катедрата по македонски јазик. Ни ги „исековте“ јазиците, сега ќе лаеме како кучиња некој, а повеќето ќе блееме како овци. Можеби вие двајца ќе бидете ексклузивни преведувачи за целиот македонски народ. ИЗРОДИ!

Четврто: Терате Закон за попис на населението дискриминаторски за сопствениот народ сé со цел што помала бројка да прикажувате постепено до степен на исчезнување.

Петто: Диктатори со болни умови. Го тепате својот народ. Зарем малку е тепан македонскиот народ. Го тепале многу војски, полиции, насилници, паравоени структури. Издржувал јуначки, ни глас, ни писок, ни солза не пуштил. Ама сега многу боли. Боли до неиздржливост. Лузните не зараснуваат, душата не преболува, разумот не прифаќа. Зошто? Зошто е тепан од “своите“.

Е, па затоа сте виновни за палењето на бугарското знаме. Осудата на вашата политика, наталожениот гнев од народот допрва ќе се излива. Ќе има и други потпалувања и знамиња и кукли со вашите ликови, ќе ве исмејуваат вас недопирливите, не ќе можете да се воздржите и убеден сум ќе одговорите со пендрек воспитување, па потоа со гумени куршуми, за на крај повторно без причина да апсете невини луѓе и ги пратите на долгогодишна робија.

Дека сум во право деновиве потврди вашата долгогодишна соработничка, црнила во македонската политика, лик со заштитен знак злоба и вештерство во нејзината кариера, персона кутра за жалење, била нервозна што не ги осудиле „организаторите“ на настаните од 27 април.

Целата колумна на овој ЛИНК