Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на свечена церфемонија им ги додели решенијата за приклучување нови 200 професионални војници во Армнијата на Македонија.
„Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици“ им порача министерката.
„Денеска вие станувате дел од нешто што е поголемо од сите нас, денеска вие сте дел од НАТО Алијансата која е безбедносен чадор за повеќе од една милијарда луѓе во светот. Вие сте сега НАТО војници, ќе имате прилика да учествувате во НАТО обуките, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знање како и вашите колеги- изјави министерката.
Петровска информираше дека Буџетот за одбраната за 2023 година изнесува 274 милиони евра.
