Архивот на Албанија отвори студиска сала во Чаир

Генералниот директорат за архиви на Албанија отвори студиска соба во читалницата во скопски Чаир.

Преку оваа платформа, секој истражувач нема да има потреба да патува во Тирана, туку ќе може да побара архивски документи на фондот богат со над 300 милиони документи што ги има албанскиот Државен архив, целата историја на нацијата пред 1945 година, вклучително и областите на Македонија, Косово и други, објасни на отворањето првиот човек на Директоратот, Ардит Бидо.

„Многу сум среќен што денес имаме можност да го отвориме заедно. Проектот е успешен и мило ми е што по Скопје, тој веднаш се пренесува во Приштина!“, изјави чаирскиот градоначалник Висар Ганиу.

На отворањето присуствуваше и заменик-директорот на Државниот архив на Македонија, Музафер Бислими.