Архиепискот Иероним го искара владиката кој го обвини Ципрас за пожарите

Архиепископот Иероним вчера ја осуди изјавата на грчкиот  владика Амброзиј  според кој Алксис Ципрас,како атеист, е виновен за катастрофалниот шумски пожар во источна Атика.

„Атеистичкиот премиер Алексис Ципрас го привлече Божјиот гнев”, објави Амброзиј во вторникот. „Атеистите на СИРИЗА се причиназа општата катастрофа! Нивниот атеизам го привлекува Божјиот гнев!“”, Додаде тој.

Зборовите на Амброзиј веднаш предизвикаа осуда на социјалните медиуми, но и од другите православни свештеници.

„Ова е тажно… Бог е љубов. Бог не се одмаздува, туку ги повикува сите да се сакаат еден со друг … мора да има лимит во личните ставови“, рече Иероним, по коментарите на Амброзиј.