Обично прашање од врвен инфектолот ги урна позициите на Филипче и Владата за антиковид мерките

д-р Жаклина Шопова, инфектолог во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со прашање чиј одговор открива дека Филипче, Комисијата за заразни болести и “главниот експерт Заев” прават сериозни грешки на сметка на граѓаните.

“Да ги прашам епидемиолозите дали стигнала пријава за заразна болест КОВИД кај пациент кој веќе прележал КОВИД, ако стигнале колку пријави има? Да ги прашам одговорните во Мој термин , каде има евиденција за сите болни од КОВИД , дали има и колку има пациенти кои прележале КОВИД и се повторно евидентирани како реинфицирани!?

Одговорите Ве молам доставете ги кај Министерот, неговите професoри по медицина, имунолозите, кај членовите на комисијата за заразни болести кои одамна заборавиле што се по професија, и на крај убедете го најстручниот Зоран Заев да ја свика Владата и да промени барем една од научно неоснованите превентивни мерки !!!”, коментира инфектологот Попова која е една од најпочитуваните лекари на Инфективната клиника во Скопје, една од здравствените институции која ја води најтешката битка за спас на заболените од Ковид-19.

https://www.facebook.com/724468694/posts/10159429833523695/