Аргировски за Фактор: Оние со големи пензии се привилегирани

Поранешниот претседател на Сојзуот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски, потенцира дека голем дел од пензионерите се на работ на егзистенцијата.

„Фактите говорат дека имаме 170 илјади пензионери кои добиваат од 12 до 15 илјади денари месечен надоместок или пензија. Потоа од 15 до 22 илјади денари добиваат 70 илјади пензионери. Сите тие (240.000) се на работ на егзистенцијата“, вели Аргировски за Фактор.

Пензионерите со големи пензии се привилегирани во нашата земја. Ако направиме споредба во минатото, ќе видиме дека никогаш немало волку големи разлики во пензиите.

Имено, порано соодносот меѓу најниската и највисоката пензија беше 1 спрема 3.

Но, денес јазот меѓу пензиите достигнува 1 спрема 6,5. Порано се водеше сметка сметка сите да се згрижени, денеска веќе се внимава само на одредени категории.

Тренчевска ги упати пензионерите на Уставен да прашаат за линеарно зголемување

Иако сме со устав социјална држава, во пракса тоа не е применливо“, вели Аргировски.